Играта трае најмногу 60 минути

Ако завршите побрзо – успешно сте ја решиле играта!
Ако измине времето, ќе се отвори вратата и ќе можете да излезете надвор. Game master-от ќе ви објасни како требало да дојдете до крајното решение и ќе одговори на вашите прашања.

Тајминг

Ве молиме пристигнете 10-15 минути пред закажаниот почеток, за да ве воведеме во играта и да започнете на време. Доколку задоцните, тоа време ќе мораме да го одземеме од вашата игра за да не доцниме со групите закажани после вас.

Не користете физичка сила

Нема загатки за кои ви е потребна физичка сила. Нема да ви требаат телефони, таблети, шрафцигери, хебли, игли, ножици... Понесете си само мозок, раце и силен тимски дух.

Забрането е фотографирање/снимање во собата

Строго е забрането фотографирање или снимање додека сте во собата. Со откривање на играта или делови од неа на други заинтересирани екипи, ќе им го уништите доживувањето.

Ве надгледуваме од надвор

Играта не се снима, но во собата се поставени камери и микрофони за да ве следиме во реално време и да ви помогнеме ако е потребно.

И најважно... Не се плашете да играте,дури и да испаднете смешни! Најважно е да се забавувате!

често поставувани прашања

Дали треба да поседуваме некакви посебни знаења, или даимаме претходни искуства во решавање логички загатки?

Воопшто не. Треба само да бидете расположени за истражување и игра! Ако наидете на потешкотии, Game Master-от ќе ви понуди помош за да ве врати во вистинската насока.

Колку трае играта?

Целото искуство трае највеќе час и половина – 10-15 минути пред играта, максимум 60 минути игра, и уште 10-15 минути по играта за сумирање на искуството. Ве молиме имајте предвид дека е многу важно да не доцните. Сите играчи треба да се присутни 10-15 минути пред закажаното време, за да ве воведеме во играта и да започнете на време. Ако задоцните, тоа ќе ви го намали времето за игра, оттука и шансите за успешно решавање.

Колку е минимум / максимум бројност за една група?

Групите можат да бидат од најмалку 2 играчи, а најмногу 5 играчи. За најдобро искуство, препорачуваме групи од 3-4 играчи.

Има ли возрасно ограничување за играчите?

Играта е соодветна за сите љубители на загатки и интерактивни предизвици – помлади и повозрасни, гејмери или не, со било која позадина или пол. Сепак, во тимот не препорачуваме играчи под 6 години возраст, а деца од 6-16 години мораат да бидат придружувани со барем едно возрасно лице во групата. Децата навистина се забавуваат, но не можат целосно да играат сами, а се одлични во пронаоѓање и поврзување работи.

Дали треба да резервираме однапред?

Да, потребна е претходна резервација. Побарајте слободен термин преку формуларот, изберете време и испратете барање – ќе ви одговориме со конечна резервација во најкусо можно време.

Што ако задоцниме?

Многу е важно сите играчи да пристигнат 10-15 минути пред закажаниот термин. Доцнењето ќе резултира со намалување на времето на игра доколку следниот термин е закажан од друга група. Мораме строго да се придржуваме кон ова правило за термините да течат непречено за сите.

Дали навистина сме заклучени во собата? Имам клаустрофобија, можам ли да играм?

Основната идеја е дека треба да бидете заклучени. Играта ја следиме однадвор преку мониторинг систем и микрофони, и можете да тропнете за да излезете во било кој дел од играта. Не би требало да имате проблем ако сте клаустрофобични – собата е комотна, но можеме да ја оставиме вратата отклучена ако така ви е попријатно.

Дали има застрашувачки моменти?

Не, нема.

Што да облечеме?

Советуваме удобна облека и обувки. Ако носите очила за гледање, понесете ги сосебе.

Каде да паркираме?

Имате бесплатен паркинг на ул. Аминта 3-ти (Ленинова), а паркинг со наплата е нарасполагање пред зградата на ул. Борка Талески.

Дали локацијата е достапна за инвалиди?

За жал, немаме лифт ниту рампа за колички. Има цел кат скали кој води кон собата.