escape room

отклучи ја забавата

интерактивна тимска логичка игра во реален простор и реално време

Екипа од 2-5 играчи е заклучена во соба, и сите заедно, решавајќи серија од логички загатки, треба да најдат начин да излезат од собата во ограничено време од 60 минути.

Потекнува од компјутерските escape игри, а за првпат во живо се појавува во Јапонија. Од таму се проширува низ цела Азија, првата во Европа е отворена во Будимпешта 2012 година, и во последните години доживува експанзија на светско ниво.
Еве ја и во Скопје во 2015!

заборавете на телефоните и секојдневната работа на еден час. веруваме дека ќе доживеете единствено искуство – обидете се!

пријатели & семејство

Поминете возбудлив час со семејството или пријателите. Предизвик за умот, а во исто време, забава на сосема ново ниво. Ќе бидете изненадени од талентите и способностите кои ќе ги откриете за себе и за другите во тимот за толку кратко време.

Полна со креативни предизвици и решавање на проблеми, играта е едночасовна активност одлична за развивање на тимски дух меѓу колегите или клиентите штом започне одбројувањето – се е во контекст на соработка и комуникација.

напишаа за нас

“BEST spent hour in Skopje!”
One of the most unique and fun things i have ever done! The story is engaging and it was fun from beginning till the end. The puzzles are logical and solvable, no special skills or luck is required, just a creative way of thinking...